Како реагирале фудбалерите на Рома на навредливиот говор на Мурињо

by
1 минути читање

Во првите 15 минути од мечот против Интер, фудбалерите на Рома изгледаа загубено на теренот. Потоа одиграа многу подобро, но Жозе Мурињо беше исклучително лут на пристапот во воведниот дел од мечот.

По елиминацијата од Интер, Португалецот грмел во соблекувалната, им рекол дека играат како посрани, немаат муда, дека се однесуваат како мал тим кога играат против голем тим, дека немаат карактер и дека така може да играат во Серија Ц каде нема притисок.

Мурињо буквално распукал како никогаш претходно по играчите на Рома и им кажал се што му лежи на душата.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека фудбалерите на Рома не го примиле лошо навредливиот говор на Мурињо. Повеќе биле загрижени што тој излегол надвор од соблекувалната, некој кој бил таму го пласирал говорот на Португалецот во медиумите.

Лидерите во соблекувалната застанале на страна на Мурињо, му дале поддршка на тренерот и сакаат реакција од сите фудбалери уште на следниот меч, во недела против Сасуоло.

Мурињо синоќа повторно им држел говор на фудбалерите, овојпат бил многу посмирен, со порелаксиран тон и порасположен отколку по мечот со Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×