171
Навивачката група
на Динамо Загреб, популарните „Бед Блу Бојс“ приредија голема чест за нашиот
Аријан Адеми, откако му нацртаа мурал сред Загреб на нашиот репрезентативец.
Муралот инаку е
дело на уличниот уметник Јурча, кој на социјални мрежи порача дека Македонецот
е фудбалер кој секогаш давал се’ од себе за клубот и навивачите.
„Адеми секогаш
давал се’ од себе за клубот,
но и навивачите, тој е дел од оние фудбалери кои оставија силен белег во
Динамо, да се надеваме дека уште долги години Аријан гордо ќе ја носи
капитентската лента на Динамо“ порача Јурча.