Капитенот Кришито го поздрави Пандев: Ти благодарам за сè, ти си ЛЕГЕНДА!

by
1 минути читање

Горан Пандев за
прв пат во својата кариера ќе игра во Серија Б откако синоќа во последниот ден
од преодниот рок на големо изненадување се пресели во Парма.

По вестите за
трансфер на Македонецот, капитенот Доменико Кришито прв се огласи на
социјалните мрежи и го поздрави Горан Пандев.

„Сакам само да
кажам благодарам, ме научи многу, како на теренот, така и надвор од него… ти
си ЛЕГЕНДА!!! Со среќа пријателе, ќе ни недостасуваш!!!“
– напиша левиот бек.

Џенова исто така
се поздрави од миленикот на навивачите: „32 пати благодариме Горан. Не беше
лесно да се прифати твојот избор, на со оглед на тоа кој си и што имаш
направено, моравме да ја испочитуваме твојата желба“.

Најстариот клуб
од Италија исто така објави видео од сите голови на Горан Пандев во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×