Поранешниот
капитен на најсилната фудбалска репрезентација на Македонија, Горан Пандев во
интервју за „Раи Спорт“ говореше за полуфиналната пресметка помеѓу нашата
селекција и Италија во баражот за Светското првенство, каде јасно нагласи дека
имаме шанси за успех.
„Нема никакви
дилеми во тоа дека Италија е фаворит, дополнително треба да се има во предвид
дека станува збор за европски првак, а секако тука е воедно и домашниот терен,
но Македонија верува во успех, ние немаме што да загубиме, луѓето веруваат во
овие момци, тие ќе играат без притисок“ рече Пандев кој меѓу другото се осврна
и на одлуката да го напушти националниот тим на Македонија.
„Одлуката да се
повлечам со настапот на Европското првенство беше најдобрата одлука за сите, а
што се однесува пак до можноста да бидам дел од италијанската селекција, би
рекол дека Италија е мојот втор дом, а во срцето секогаш ќе ми биде Македонија“
додаде тој.
Фото-вест: ffm.mk (архива)