178
Чаирчани ја
одиграа и третата контролка на зимските
подготовки во Анталија, па така по поразот од полскиот тим Лех Познањ со 1-4, односно
победата над азербејџански Шумкајт со 2-1, денеска ремизираа во тестот со украинскиот
тим Черноморец Одеса со 1-1.
Расин во 22
минута ги доведе во водство Черноморец Одеса со 1-0, а на 1-1 израмни
Ѓорѓиевски во 63 минута, кој уште во тие моменти од пресметката го постави
конечниот исход.
Фото-вест:
FC Shkupi (Faceboook, архива, Шкупи –
Шумкајт)