301
Македонскиот
прволигаш Тиквеш загуби со 1-2 на контролниот меч против белградски Партизан за
време на зимските подготовки во Анталија, Турција.
Прв во водство
дојде токму тимот од Кавадарци со голот на Ивановски во 26 минута од пенал,
меѓутоа фаворитот најнапред три минути подоцна, односно во 29 минута израмни со
голот на Јојиќ, за веќе во 36 минута Гомеш да донесе целосен пресврт за
Партизан.
Тиквеш се наоѓа
на десетото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, односно на
позиција која води во доигрување за опстанок во елитното друштво од нашето
фудбалско првенство.