Фазлагиќ за половина милион евра во Висла Краков, Македонецот претставен на урнебесен начин (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Младинскиот репрезентативец
на Македонија, 21 годишниот Енис Фазлагиќ си замина од словачка Жилина и потпиша за Висла Краков, а
Велешанецот стави потпис на договор со полскиот гигант до 2026 година.

Енис е фудбалер
со огромен талент и потенцијал во себе, веќе има и повеќе од доволно искуство
за неговите години, тој е фудбалер кој постојано сака да е со топката, тоа ќе
ни помогне на натпреварите, ќе придодаде агресија на теренот
“ реле спортскиот
директор на 14 кратниот полски првак Висла Краков, Томаш Пашиецни.

Неофицијалните
информации говорат дека трансферот на Фазлагиќ ја чини Висла Краков околу половина милион евра,
а Жилина ќе има 20% од евентуалниот иден трансфер на Македонецот, дел ќе има и
за македонскиот првак Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×