220
Унгарски МТК
Будимпешта со 3-0 го доби контролниот меч против Шахтјор од Украина, а нам
најважно ни е фактот што македонскиот интернационалец Бојан Миовски погоди на
два пати.
Најпрво во 11
минута Миовски донесе почетно водство за својот тим, за веќе во 82 минута да го
постави и конечниот исход од таа пресметка. Македонецот воедно и асистираше во голот за 2-0 во 24 минута, инаку дело на Микницки.
Миовски сезонава
игра во врвна форма, а доказ за тоа се воедно и неговите бројки во унгарската „ОТП
Банк Лига“, каде на 16 настапи успеа да постигне 7 погодоци.