26 годишниот
привремен македонски репрезентативец Кире Маркоски стави потпис на едно и пол
годишен договор со македонскиот првак Шкендија, а изминатата полусезона ја
помина во дресот на Шкупи.
„Желба е на секој
што настапува во македонското првенство еден ден да биде дел од Шкендија. Јас
сум среќен што ставив потпис на договор со овој клуб, бидејќи Шкендија креира
доста силен тим со кој цели да ја одбрани титулата шампион, како и да запише
значаен успех во Европа“ рече Маркоски кој веднаш се приклучува на тимските
подготовки на тетовските „црвено-црни“ во Анталија.
„Сметам дека во
Шкендија ќе имам можност да се развијам повеќе како фудбалер, едвај чекам да
почнеме со работа, едвај чекам да го дадам максимумот од себе на теренот заедно
со новите соиграчи за да ги реализираме зацртаните цели на клубот“ додаде тој.
Маркоски има и
интернационална кариера зад себе, а го носеше дресот и на АЕЛ Лимасол, односно
Спартак Трнава.
Фото: www.kfshkendija.com