Реал Сосиедад и
натаму работи на тоа да ги продолжи договорите на Аднан Јанузај и Давид Силва,
двоецот кој е од особено значење за клубот, меѓутоа со оглед на очекувањата
дека барем еден од нив ќе си замине, клубот активно работи на трансфер пазарот
во пронаоѓање на решение.
Во Шпанија
известуваат дека токму нашиот репрезентативец и член на Леванте, Енис Барди е
идентификуван како можна замена за горе наведениот двоец, односно барем за еден
од нив двајца.
Се верува дека
техничките квалитети на 26 годишниот Барди за прекините во текот на
натпреварите се од особено значење за Реал Сосиедад.
Што се однесува
пак до тимот на Македонецот, Леванте го очекува грчевита битка за опстанок во
елитното фудбалско друштво на Шпанија, во моментов е закован на последното
место од табелата.