617
Лидерот во
полскиот шампионат Лех Познањ беше пресилен за лидерот во македонскиот
фудбалски шампионат Шкупи, кој со убедлив пораз од 4-1 ги стартуваше зимските
подготовки во Анталија.
Единствениот гол за
Чаирчани го постигна Радески во 69 минута, момент во кој македонскиот прволигаш
намали на 3-1, а за полскиот клуб погодоците ги постигнаа Квеквескири, Милиќ,
Марквински и Чекала.
Фото-вест: FC Shkupi (Facebook)