398
Македонскиот
репрезентативец Енис Барди се најде во тимот на колото на шпанската „Примера“
во изборот на специјализираниот фудбалски портал „ХуСкорд“, а сево ова по
победата на Леванте на свој терен против Мајорка со 2-0.
Нашиот интернационалец
запиша асистенција во првиот гол на Солдадо, а играше до 85. минута кога беше
повлечен од игра, со тоа што имаше одлични перформанси на теренот.
26 годишниот
Барди актуелнава сезона запиша три погодоци и две асистенции во досегашните 14
настапи.