Елмас е позитивен на ковид-19, го пропушта големото дерби против Јувентус

by
1 минути читање

Македонската фудбалска ѕвезда, Елиф Елмас по вторпат е позитивен на ковид-19, откако првиот пат се зарази пред повеќе од една година.

Наполи информира дека Елмас бил позитивен на тестот пред враќање во Италија и ќе остане во изолација во Македонија. Тој е вакциниран и нема симптоми.

Дербито меѓу Наполи и Јувентус се игра во четврток, за шест дена и речиси е сигурно дека Елмас ќе го пропушти. Но можно е оваа средба да биде одложена поради големиот број на случаи на ковид-19.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×