295
Гледано од
статистички аспект, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано каде прв чувар на
мрежата од голот е Столе Димитриевски, е најдобриот клуб во Европа ако се земе
во предвид резултатите на домашен терен.
Од девет
натпревари сезонава, тимот на Димитриевски успеа да освои 25 бода, што е
идентичен резултат како оној на ПСЖ, но со бод повеќе во однос на Баерн Минхен,
Борусија Дортмунд, односно три во однос на Манчестер Сити, Севиља и Арсенал.
Рајо Ваљекано
има фантастичен старт во новата сезона од Примера, а моментално е стациониран
на четвртото место на табелата по 18 одиграни кола во најсилниот шпански
фудбалски шампионат.