Битолчани како навивачите на Бетис, ќе фрлаат плишани мечиња на теренот за дечињата од ранливи категории (ВИДЕО)

by
1 минути читање

РК Пелистер ги повика своите навивачи утре на мечот против Вардар да фрлаат плишани играчки кои ќе бидат наменети за децата од ранливи категории.

„РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“, се вели во соопштението.

Навивачите на Бетис секоја година пред Божиж на теренот фрлаат плишани мечиња кои потоа клубот ги дели на децата од градот Севиља кои се посиромашни. Пелистер ќе се обиде ваква традиција да почне и во Битола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×