Чурлинов со гол ја зачини перфектната партија за Шалке 04 (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Македонскиот
репрезентативец Дарко Чурлинов одигра маестрална партија вечерва во дресот на
Шалке 04 кој со 4-1 беше подобар на домашен терен од Нирнберг во втората лига
на Германија.

Чурлинов најпрво во
20 минута умешно се снајде во водечкиот гол на домаќините откако беше нерешлива
енигма за противничките дефанзивци, по што по неговиот обид умешно биеше
Овејан.

Во 85 минута
Чурлинов погоди за 3-1, а со тоа го постигна и првиот гол во седмиот настап за
германскиот тим сезонава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×