Бабунски не запира, нови два гола во дресот на Ботев Враца (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ботев Враца
славеше со 2-4 на гостувањето кај Локомотив Пловдив во 19 коло од најсилниот
бугарски фудбалски шампионат, а нашиот 25 годишен Доријан Бабунски погоди на
два пати за победничкиот табор.

Македонскиот напаѓач
најпрво погоди од белата точка во 10 минута за почетно водство од 0-1 за
гостите, а по само три минути игра во второто полувреме погоди за 1-3 за Ботев
Враца, а ги одигра сите 90 минути за својот табор.

Бабунски се наоѓа
во одлична форма откако на 18 настапи за Ботев Враца успеа да постигне десет
погодоци, но и три асистенции сезонава.

Инаку, сосема очекувано Македонецот беше прогласен и за играч на мечот во Пловдив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×