На терен кој имаше повеќе кал отколку трева, Вардар подобро се снајде и дојде до победата. Клучниот момент се случи на 12 минути пред крајот кога Петковски го даде единствениот гол на мечот за триумф на црвено-црните.
Лидерот Силекс со 3-1 го совлада Тетекс во Кратово, а Воска со 2-1 победи на гостински терен кај Велешта.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД
Беса – Вардар 0-1, Силекс – Тетекс 3-1, Велешта – Воска Спорт 1-2, Охрид Лихнидос – Гостивар 4-2, Кадино – Кораб 1-3
ТАБЕЛА: Силекс 38, Воска Спорт 29, Вардар 26, Кораб 19, Тетекс 18, Гостивар 17, Охрид 14, Велешта 14, Беса 13, Кадино 6
Првопласираниот во источната конференција, екипата на Слога Виница денеска одигра неочекувано реми на домашен терен против Детоник јуниор, мечот заврши 1-1.
Победа освои три важни бода во Кочани каде го совлада Осогово со 3-1.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК
Братство Житоше – Локомотива Градско 4-1, Осогово – Победа 1-3, Слога Виница – Детонит јуниор 1-1, Каменица Саса – Беласица 0-0, Кожув – Кит Го 2-1
ТАБЕЛА: Слога Виница 31, Победа 29, Каменица Саса 28, Беласица 25, Кит Го 19, Осогово 18, Кожув 17, Детонит Јуниор 15, Братство Житоше 7, Локомотива Градско 6.