166
Борец е во голема
резултатска криза, а иако отсуството на Јане Николовски во Борец беше
протолкувано како можна разделба помеѓу обете страни, сепак од клубот од Велес
негираат.
„Ги демантираме
сите вести во врска со нашиот тренер Јане Николовски. Тој е тренер на Борец,
причините што нема да биде присутен се здравствени проблеми“ стои во објавата
на Борец на социјалните мрежи.
Борец со осум
бода засега се наоѓа на претпоследното, 11 место на табелата во Првата лига.