Ибра за инцидентот со Аспиликуета: Повторно би го удрил, навредува мои соиграчи, зошто мене не проба да ме навреди?

by
2 минути читање

Тоа се случуваше во самиот финиш од мечот, се чинеше дека е поради фрустрација што Шведска губи од Шпанија и нема директно да се пласира на СП, но Ибрахимовиќ отркива дека причината била сосема друга.

„Го удрив Аспиликуета. Го направив тоа намерно и не се срамам бидејќи тој направи нешто глупаво кон мој соиграч“, вели Ибрахимовиќ.

„Тоа што го направи кон мој соиграч беше глупаво, пак би го удри за да разбере: „Не смееш да го правиш тоа. Немаш муда да ми го направиш мене. Но јас сепак ќе ти покажам што ќе ти се случи ако ми го направиш мене“. Затоа го удрив“.

„Не може да ми го каже тоа мене, но го кажува на мој соиграч кој не би му вратил бидејќи е премногу добро момче. Тоа што го направив не беше добро од моја страна, но повторно би го направил. Тоа сум јас. Не ми е срам да признаам“.

„Не беше поради фрустрација што не се пласиравме на СП. Беше за да разбере дека не смее да навредува некој што лежи долу на теренот. Не напаѓате куче кое не лае. Нападнете некој што може да направи нешто“.

„Прелесно е да избереш некој од моите соиграчи кои имаат 20 години и се многу добри момци. Се надевам дека сфати сега. Јас направив глупост што го удрив, но тоа би го направил повторно, 100%“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани