Италијанските медиуми тврдат: Реал Мадрид и Барселона го следат Елмас!

by
1 минути читање

„Тутомеркатовеб“ тврди дека Елмас веќе некое време го следат дел од најголемите клубови кои праѓаат и скаути во Неапол за да го пратат нашиот фудбалер.

Еден од клубовите е Реал Мадрид. Токму Карло Анчелоти беше на клупата на Наполи кога Елмас пристигна во италијанскиот клуб, па стратегот многу добро ги познава квалитетите на Елиф.

Покрај Реал Мадрид, интерес за Елмас има и од Барселона особено откако Чави стана тренер на шпанскиот тим.

Клубовите кои го следат Елмас синоќа имаа што да видат, тој со два гола даде огромен допринос во победата на Македонија од 3-1 над Исланд која значеше пласман во бараж за СП. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×