294
Елмас со два гола беше херој на Македонија во победата над Исланд, но жолтиот картон кој го доби ни прави проблем.
Картоните од квалификациите не се поништуваат, ова за Елмас беше втор жолт картон, а тоа значи дека Благоја Милевски нема да може да смета на него за полуфиналето од баражот.
Елмас е еден од клучните фудбалери, па неговото отсуство ќе биде сериозен удар за Македонија.
Покрај него нема да можеме да сметаме ниту на Тихимир Костадинов кој исто така има парен број жолти картони.