Романците преку билборд од Скопје му се обратија на исланскиот селектор (ФОТО)

by
1 минути читање

Во минатото коло работите во нашата група се променија, сега ние сме тие кои одлучуваат сами, а Романците ќе чекаат изненадување во Скопје.

Откако останаа непоразени во Букурешт, исландскиот селектор на Романците им вети дека ќе го дадат максимумот и во Скопје, и ако не изгубат од Македонија ќе се врати во Романија да се напие пиво.

Денеска пред Арената „Тодор Проески” во Скопје, осамна билборд платен од спонзор на Романската фудбалска федерација, на кој пишува: „Драг Арнар Видарсон, пивото е спремно”.

Според медиумите од Романија, Арнар Видарсон ќе добие пиво за една година.

Единствената комбинација за Романија да го врати второто место е тие да го победат Лихтенштајн, а Македонија да не ги освои трите бода против Исланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×