Ристовски: Судбината е во наши раце, подготвени сме

by
1 минути читање

Интересно, во овие квалификации Македонија подобро игра на гостински отколку на домашен терен. На гостувањата дадовме 15 голови од вкупно 20, освоивме 10 бодови од вкупно 15. Капитенот Стефан Ристовски не верува дека домашниот терен ни создава поголем притисок, според него ваквата статистика е случајност.

„Секој меч си носи некоја посебна приказна. Статистички не знаевме дека сме подобри во гости, на такви детали не обрнуваме внимание, се подготвуваме од натпревар за натпревар. Можеби така се подогило, на гости да сме поефикасни и да освоиме повеќе бодови. Не сум почувствувал поголем притисок на домашен терен, прекрасно е на секој меч кој го играме пред нашата публика“, вели Ристовски.

„Судбината е во наши раце се надеваме дека пред македонската публика ќе успееме да дојдеме до таа посакувана победа“.

„Капитенската лента не ми носи поголем притисок, не сум таков човек. Тоа што го оствари Горан Пандев не ми е притисок, тој нè однесе на ЕП и заслужено отиде во пензија. Сега јас сум капитен и ќе бидам горд ако успееме да обезбедиме бараж“.

„Исланд е тука да игра фудбал, имаат одлични индивидуалци кои играат во одлични клубови, знаеме за каква репрезентација станува збор, но подготвени сме“.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра утре (недела) со почеток од 18 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×