Македонските фудбалери добиваат премија за победата над Ерменија

by
1 минути читање

Македонија синоќа го одигра најдобриот натпревар под водство на Благоја Милевски и ја победи Ерменија со 5-0. Ни преостанува да го победиме Исланд за да се пласираме во бараж за Светско првенство.

ФФМ реши да им даде премија на фудбалерите за настапот против Ерменија.

„Управниот одбор и претседателот Сејдини го ценат успехот и на овој начин продолжуваат да даваат признание и да влијаат позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Овие резултати не се случајни, туку плод на повеќегодишна работа и стратегија. Среќни сме што на големите успеси со пласмани на Европско Првенство со репрезентацијата до 21 година и А репрезентација, сме блиску да додадеме и пласман во бараж за Светско првенство. Ова се многу значајни моменти за македонскиот фудбал, имаме нова шанса за историски резултат и се разбира дека ќе дадеме сѐ од себе за да ја искористиме. Фудбалерите и стручниот штаб на секој следен натпревар ја потврдуваат својата големина и навистина ни е драго што федерацијата тоа го вреднува и на ваков начин, иако за оваа репрезентативна група тоа никогаш не било најважно. За нас е значајно што имаме шанса за прв пат да се пласираме на Светско првенство, а уште повеќе што македонската репрезентација ја обединува целата држава”, изјави директорот на А репрезентацијата на Македонија, Дени Масев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×