Неофицијалните
информации кои пристигнуваат велат дека новиот тренер на Тотнем, Антонио Конте
е заинтересиран за Герет Бејл, со тоа што постои можност Велшанецот по трет пат
во својата кариера да го облече дресот на „Спарси“.
„Даниел Леви
посакува да ангажира фудбалер на Реал Мадрид, но оној кој што постојано е
повреден“ рече шпанскиот новинар Едуардо Инда за „Ел Чирингито“ во однос на тоа
кои се мотивите кај Конте наместо Азар, да го преферира Бејл.
„Тој посакуваше
да го ангажира Еден Азар, меѓутоа Конте јасно му порача дека не го посакува во
својот тим, а најмногу од причина што тој му беше тренер во Челси, добро го
познава, а верува дека има слаб интензитет на работа на натпреварите“ додаде
тој.
„Највпечатливото
е тоа што фудбалерот кој Конте го побара од Леви е токму Герет Бејл, чиј
договор истекува на крајот од актуелната сезона, меѓутоа во зимскиот преоден
рок нема да биде слободен на трансфер пазарот“ заклучи Инда.