Македонската фудбалска репрезентација го одигра најдобриот натпревар под водство на селекторот Благоја Милевски и извојува убедлива победа над незгодната селекција на Ерменија.
„Честитки за моите фудблаери. уште еднаш покажаа дека во себе имаат голем потенцијал, но ова не е крајот, имаме уште еден натпревар во овој квалификациски циклус, што ќе се случи до крајот ќе видиме во недела“, вели селекторот Милевски.
„Никој не очекуваше дека после поразот од Германија од 4-0 ќе се вратиме на ваков начин. Но тоа е силата на овој тим, овие играчи покажаа зошто играа на Европско, некои од нив и на две европски (младинското ЕП)“.
Пријатно изненадување беше настапот на Ашковски кој играше на за него неприродна позиција, десен бек.
„Ашковски е играч со потенцијал кој може да се користи на било кои позиции. Тоа што го одигра денес на десната бековска позиција, јас би рекол дека одигра искрено и подобро од што очекував“.
„Критиките се составен дел од нашата работа, јас го почитувам секое мислење, добронамерните критики влијаат добро и можат да помогнат, лошите критики ме мотивираат, а ги мотивират и фудбалерите“.
„Имавме потешкотии во составувањето на селекцијата, на секој меч имавме отсутни поради повреди и тој број постојано се зголемуваше, но овие фудбалери кои беа тука покажаа дека можеме секогаш да сметаме на нив“.