109
Раководството на клубот, не е задоволно од работата на Станислав Генчев кој има добри резултати во домашното првенство, но проблем е лошиот настап во Европа, па се подготвува тренерска смена.
„Спортал.бг“ тврди дека Игор Ангеловски е кандидат за тренер на Лудогорец, челниците на клубот сакаат да го ангажираат поранешниот селектор на Македонија кој по завршувањето на Европското првентво се уште не ѝ се вратил на тренерската работа.
Бугарскиот портал пишува дека Ангеловские опција и за тренер на Легија Варшава.
Тој претходно се поврзуваше и со Хајдук, но сплитскиот клуб се реши за друга опција.