Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација се подготвува за завршницата од
мундијалските квалификации, а ни претстојат дуелите со Ерменија на гостински
терен, односно на свој терен против Исланд.
Нашиот
репрезентативец Бојан Миовски смета дека нашата селекција има шанси за второто
место во квалификациската група „Ј“ кое носи место во плејофот од
квалификациите, само треба да бидеме поконкретни, но и подобри во нападот.
„Имаме
теоретски шанси за второто место и ќе дадеме се од себе да оствариме победа на
двата последни меча. Повредите се дел од фудбалот. Недостасуваат неколкумина,
но тие што се тука убеден сум дека ќе ја оправдаме довербата на селекторот. Ја
анализираме Ерменија, треба да бидеме поконкретни и подобри во нападот“ рече Миовски.