63
Ердал Ракип и Адис Јаховиќ поради повреди го откажаа настапот на последните квалификациски мечеви за СП од овој циклус.
На нивно место селекторот ги повика Дориан Бабунски од Ботев Враца за кого ова ќе биде деби настап, како и Енур Тотре од Тирана.
Денеска во 12:00 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир. Првиот тренинг е денеска од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Македонија на 11. ноември гостува кај Ерменија, а на 14. ноември го пречекува Исланд.