Бабунски оваа сезона настапува во одлична форма за Ботев Враца, во последното коло постигна два гола, а има шпекулации дека во јануари ќе се пресели во славниот бугарски клуб, Левски.
Поради повреда се чини дека Адис Јаховиќ ќе отпадне од тимот за последните два квалификациски меча, па Благоја Милевски се одлучи на негово место да го повика Дориан Бабунски.
„Добра вест во тажната разврска на денешниот ден е тоа што Дориан Бабунски е повикан во националниот тим на Македонија за квалификациските мечеви за Светското првенство против Ерменија и Исланд Тоа е огромно признание за неговиот труд во целата година во Ботев Враца“, објави бугарскиот клуб.
Дориан Бабунски има настапи за младинските селекции на Македонија, но ова му е прв повик во националниот тим за кој досега имаа настапувано неговиот брат Давид и нивниот татко Бобан Бабунски.