70
Најтрофејниот
македонски фудбалски клуб од синоќа има нов сопственик, како што пренесува
„Фактор“, преку Македонската берза биле продадени сите 100 акции на
„црвено-црните“.
Продавач на
акциите е РК Вардар, кој е во сопственост на Сергеј Самсоненко, бизнисменот од
Русија добил 2 милиони денари или околу 32.500 евра. Новиот сопственик можеби
платил мала сума, но наследи голем долг, се шпекулира дека се работи за бројка
од околу 3 милиони евра.
Неофицијално нов
сопственик на Вардар е скопската компанија „Блу Скај“ која веќе стопанисува со
„црвено-црните“ откако изминатово лето доби зелено светло од град Скопје.