Тричковски погоди и на седмиот меч во низа, „настрада“ и Анортозис (ВИДЕО)

by
1 минути читање

АЕК Ларнака
славеше на гостувањето кај Анортозис со 1-2 во седмото коло од најсилната
кипарска дивизија, а водечкиот гол за победничкиот табор го постигна нашиот
интернационалец Иван Тричковски.

Популарниот „Тричко“
од пенал биеше умешно во 35 минута, а во таа ситуација го испрати противничкиот
голман на спротивната страна, со тоа што 34 годишниот Македонец го постигна
осмиот гол сезонава на Кипар, односно погоди на сите седум меча досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани