Најдобрата женска
фудбалска репрезентација на Македонија дојде до првата победа во квалификациите
за Светското првенство кое во 2023 година се одржува во Австралија и Нов Зеланд
откако славеа против Летонија во Рига со убедливи 1-4.
Рочи во 9 минута
донесе почетна предност за нашиот состав, а во 28 минута капитенот Андонова ја
дуплираше предноста на 0-2, но домаќинот преку Баличева две минути потоа намали
на 1-2 и ја врати резултатската неизвесност.
Сепак, во второто
полувреме Максути во 51 минута зголеми на 1-3, а конечниот исход на пресметката
во Рига го постави Андонова со својот втор гол, овој пат од пенал во 63 минута.
Ова е прва победа
за фудбалерките по поразот од Англија со 8-0, односно Австрија со 6-0, следен
предизвик е дуелот со Луксембург во вторник.
Фото-вест: ffm.mk (архива)