612
Македонија Ѓорче
Петров го назначи Муарем Бајрами за нов тренер откако Александар Таневски си
поднесе оставка по гостинскиот пораз изминатиов викенд кај Брегалница со 4-1.
Со поразот, „Лавовите“
останаа во опасната зона на деветото место на табелата со десет освоени бода по
десет одиграни кола, а тимот од Ѓорче Петров нема победа во нашето првенство
шест меча во низа.
Ова ќе биде второ
искуство за 35 годишниот Бајрами како тренер, откако претходно беше шеф на
стручниот штаб на Шкупи, клуб каде ја почна тренерската кариера како
тренер-играч ланската година.