92
Пред извесен
период Вардар објави дека е постигнат договор за долгогодишна соработка со
турскиот гигант Бешикташ, а сето тоа по посетата на првиот човек на скаутинг
службата на турскиот гигант Бајрам Билим.
Сепак, клубот од
Истанбул демантира, тврди дека не е постигнат никаков договор за соработка со „Црвено-црните“.
„Веста која е
објавена во медиумите, а се однесува на соработка која била потпишана помеѓу нашиот
клуб и македонскиот клуб Вардар не ја рефлектира вистината, ние љубезно ги
замолуваме нашите навивачи да не оддаваат внимание на такви вести, а со целосна
почит ја објавуваме оваа информација за јавноста“ стои во соопштението од страна на Бешикташ.