Македонија не успеа да приреди ново изненадување против Германија, нашата репрезентација добро се носеше во првиот дел, но доживеавме вистински потоп во вториот дел.
Германија беше поактивна и во првото полувреме, но Димитриевски ги одбрани нивните шанси. За нас добра можност имаше Елмас, но Нојер го фати неговиот шут.
По само пет минути игра контра на Германија, Милер додаде до Каи Хаверц кој постигна гол за водство на гостите од 1-0.
Во 70. минута нова лоша поставеност на македонската одбрана, Тимо Вернер имаше доволно простор, тоа го искористи и погоди за водство од 2-0 за Германија.
Три минути подоцна Вернер даде уште еден гол за убедливо водство на Германците од 3-0.
Точка на мечот стави Мусиала во 83. минута од натпреварот, победа на Германија од 4-0.
На две минути до крајот Чурлинов имаше голема шанса за да постигне почесен гол, но шутираше над пречката.
Германија со оваа победа го завери првото место во групата и пласманот на Светкото првентво, Македонија има се помали шанси за второто место.