70
Утре Македонија и Германија имаат нов дуел, и двете репрезентации се со нови селектори во однос на мечот во Дуизбург.
Селекторот на Германија, Ханси Флик посебно внимание му посвети на Елиф Елмас.
„Македонија е селекција која сака да игра фудбал и која е технички одлична. Елмас е фудбалер кој многу ми се допаѓа. Игра во Наполи и технички е многу добар, плус ни даде гол на првиот меч. Со нетрпение го чекам мечот со Македонија која нема пораз откако Милевски е дојден“, вели Флик.