Македонија
утревечер гостува кај Лихтенштајн во рамките на мундијалските квалификации,
селекција против која тргнавме со убедлива победа од 5-0 на свој терен во овие
квалификации, а нашиот репрезентативец Стефан Спировски вели дека на нашиот тим
му е потребно една работа, а тоа е исполнување на задачите на теренот.
„Наше е да дадеме
максимум од себе на теренот, не бегаме од фаворитската улога, доколку ги
исполниме задачите на теренот, доколку дадеме максимум од себе, во тој случај
нема од што да стравуваме, овој меч е еднакво важен како тој со Германија, во
денешниот фудбал нема апсолутни фаворити, но ние имаме фаворитска улога на овој
меч“ рече Спировски.
Милевски: Убеден сум и верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога
По гостувањето
кај Лихтенштајн во понеделник ќе следи и дуелот на домашен терен против
Германија, која претходно на нејзин терен ја совладавме со 1-2.