Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација утревечер со почеток од 20,45 часот го игра
мечот со Лихтенштајн на гостински терен во мундијалските квалификации, во кој
избраниците на Благоја Милевски влегуваат како апсолутни фаворити.
Сепак, селекторот
доста претпазлив за време на пресконференцијата пред мечот, повика на
максимална борбеност на теренот, но и концентрација кај фудбалерите.
„За успешен
резултат потребно ни е да бидеме поставени на највисоко можно ниво, овој
натпревар ќе биде поинаков од сите претходни, нема притисок во нашиот табор
поради фаворитската улога, меѓутоа, од тоа што го забележав за време на
тренинзите, во однос на концентрацијата и мотивацијата кај фудбалерите, убеден
сум и верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога“ рече Милевски кој не
сака во никој случај да го отпише противникот.
„Лихтенштајн на
последните натпревари покажа дека е цврста селекција, со извонредна тактичка
дисциплина, станува збор за квалитетен тим, ќе ни биде потребно многу
концентрација и труд за да ги освоиме трите бода“ заклучи селекторот.
Македонија по
шесте одиграни кола во конкуренцијата „Ј“ се наоѓа на четвртото место со девет
освоени бода, шест помалку од лидерот Германија.