Муслиу: На хартија сме фаворити, да го покажеме тоа и на теренот

by
1 минути читање

По смената на
селекторот и пристигнувањето на Благоја Милевски на кормилото на
„црвено-жолтите“, Македонија ја чека првата победа откако минатиот месец одигравме
три ремија во низa.

Гостувањето во Вадуц
кај аутсајдерот Лихтенштајн е добра шанса за прва радост и цел плен.

„Максимално се
подготвуваме за Лихтенштајн, потребно ни е да ги освиме трите бода, сите знаат
колку е важен овој меч. Се надевам дека играта и резултатот ќе бидат на наша
страна. Во последно време често игравме против Лихтенштајн, добро ги знаеме и
се покажавме многупати со нив“
– вели Висар Муслиу.

„На хратија сме
фаворити, но тоа треба да го покажеме и на теренот во Вадуц. Знаеме дека
Лихтенштајн има некои добри страни, ни ние ќе се потрудиме да ги неутрализираме
тие добро страни и во исто време да ја покажеме нашата најдобра страна“.

„Треба да ја
поправиме реализацијата, ама треба и да не примиме гол. Ќе одиграме онака како
што ќе ни каже шефот, ќе треба да ги одработиме инструкциите кои тој ќе ни ги
даде“.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани