Фудбалските
надежи во четврток гостуваат кај Фарските Острови во рамките на четвртото коло
од квалификациите за пласман на Европското првенство, а селекторот Драги
Канатларовски се соочува со низа проблеми во тимот поради неиграњето на неколку
стандардни првотимци.
Метју Божиновски
и Стефан Чолаковски отпаднаа од комбинација поради административни Ковид-19
протоколи и ограничувања, а истите не беа во можност да допатуваат од
Австралија, а поради повреда отпаднаа од комбинација Агон Елези и Енис
Фазлагиќ.
Со тоа,
Канатларовски упати дополнителен повик за Иван Николов од Вардар, како и
Димитар Тодоровски од Работнички, а двоецот веќе се приклучи на тимот.
Младите надежи
засега запишаа по еден пораз и реми по воведните две кола од квалификациската
група „Х“, односно одиграа на свој терен без голови против Русија, а загубија
кај Франција со убедливи 3-0. По гостувањето кај Фарските Острови, следи и гостување
кај Ерменија предвидено за вторник.