Македонските надежи до 18 години одиграа уште едно реми против Унгарија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот почна отворено од двете страни, поведоа Унгарците со гол на Даниел Наџи Колозвари уште во шестата минута.

Македонија во 33. минута со гол на Гуџуфи го изедначи резултатото на 1-1, а две минути подоцна преку Павлелвски направивме пресврт и поведовме со 2-1.

Во вториот дел Унгарија беше подобра, ние се повлековме и во една таква игра примивме гол во 80. минута за конечни 2-2, стрелец на погодокот беше Фабиан.

Претходниот меч меѓу овие две селекции заврши 1-1.

Македонија: Васко Василев, Никола Павлески, Марко Ристов (Христијан Поп – Антовски 65’), Борјан Попоски (Давид Љусев 73’), Енис Буќи, Матеј Ангелов (к), Матеј Ѓорѓиев (Давид Дебрешиловски 53’), Бесар Гуџуфи, Игор Јаневски (Марко Тренески 65’), Максим Милошевски, Атдхе Кадриу (Ерион Шуку 53’);

Можно е и ова да ти се допаѓа

×