768
Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновото
рангирање на ФИФА ранг листата, со тоа што нашата национална селекција сега се
наоѓа на 74 позиција.
Септемврискиот
циклус од мундијалските квалификации избраниците на Благоја Милевски го
завршија без пораз, но истовремено и без победа, па така запишаа три ремија
против Ерменија, Исланд и Романија.
Од нашите
конкуренти во групата од мундијалските квалификации, Германија е на 14,
Романија на 42, Исланд на 60, Ерменија на 89, односно Лихтенштајн на 188
позиција.
Водечката тројка
ја сочинуваат Белгија, Бразил и Англија.