491
Екипата на
Ружомберок славеше убедлива победа од 0-6 против МШК Нове Место во националниот
куп на Словачка, а нашиот интернационалец Тихомир Костадинов беше еден од
стрелците во победничкиот табор.
Во 30 минута
нашиот интернационалец погоди за дуплирање на водството за фаворитот, односно
0-2, а играше само во првото полувреме откако уште на стартот од вториот дел
беше повлечен од игра.
25 годишниот
Костадинов од 2017 година е дел од Ружомберок, а неговиот активен договор е со
важност до декември, па останува дилемата каде ќе ја продолжи својата кариера.