Иако сезоната веќе е во полн ек, ФФМ се уште преговара со Арена за продажба на ТВ правата. Некои од нашите клубови веќе почнаа сами да се снаоѓаат.
Академија Пандев соопшти дека постигнале договор со Спорот Клуб за своите ТВ права и тоа за три сезони.
„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе одат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал Sport Klub. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона!“, стои во соопштението на Академија Пандев.
Покрај Академија Пандев и Шкендија не сака групна продажба од страна на ФФМ на ТВ правата, па нема да биде изненадување ако и тие во наредниот период излезат со слично соопштение за индивидуална продажба на ТВ правата.