Ѕвезда на Челси влезе во нотесот на Покетино, може во ПСЖ без обештетување

by
1 минути читање

Челси е заинтересиран за продолжување на соработката со 28 годишниот стопер Антонио Рудигер, но се верува дека проблем засега е платата која ја бара германскиот
интернационалец.

ПСЖ под будно око
ја следи ситуацијата со стоперот, чиј актуелен договор со Челси истекува идното
лето, па така, „Ле10спорт“ известува дека ПСЖ се подготвува да тргне во обид да се договори со фудбалерот, а веста ја пренесоа и на Островот.

И повеќе од
веројатно е дека на Челси му оди во прилог фактот што сонародникот на Рудигер,
тренерот Томас Тухел е во одлични односи со стоперот, а искусниот фудбалски
стратег стави јасно дознаење дека тој е еден од клучните во неговиот избор за
оваа сезона.

Освен ПСЖ, за
Рудигер наводно интерес постои воедно и од страна на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×