277
Минатиот месец, Ромелу Лукаку се врати на Стемфорд Бриџ во трансфер вреден околу 115 милиони евра. Интер беше критикуван за потегот да го продаде својот најдобар играч, но напаѓачот сега открива дека не им дал многу избор на „нероаѕурите“ и инсистирал на заминување.
„Кога Челси достави трета понуда, знаев дека се сериозни и со мислите повеќе не бев во Милано. Челси понуди 110 милиони евра плус Давиде Запакоста, но Интер рече НЕ. Веднаш се сретнав со Симоне Инѕаги и побарав да биде најдено решение, на ум го имав само Лондон“ – вели Ромелу Лукаку, кој додава дека немал да замине доколку се работело за друг клуб.
„Интер ме извади од гомна, можев да ги напуштам само за Челси!“