Милевски: Не згрешивме ништо, но не беше лесно да се пробие одбраната на Ерменија

by
1 минути читање

Македонија имаше разочарувачки настап против Ерменија. Важевме за фаворит, а освоивме само бод во безидејна игра. Македонските фудбалери се мачеа да создадат шанса, но селекторот вели дека е делумно задоволен од настапот.

„Ѝ честитам на Ерменија за одиграниот меч, а посебно честитки за моите фудбалери кои покажаа како треба да се однесува еден фудбалер, посебно во првиот дел, кој треба да ни биде терк како да бидеме во иднина. Во вториот дел имавме посед, но ни недостигаше тој завршен пас. Не згрешивме ништо, но не е лесно да се пробие така организиран и цврст противник. Имавме одредени проблеми во транзиција, ама во поголемиот дел од мечот сум задоволен како изгледавме“, вели Милевски.

„Освен што ни недостигаше тој завршен пас, од останатото сум задоволен како момците одговорија, пред сѐ задачите кои ги остварија. Задоволен сум од тактичката дисциплина, зашто после само два тренинзи, покажаа високо ниво на професионализам. И ќе се обидеме да го поправиме сето тоа што ни недостига, но кратко е времето. Утре одиме за Исланд, ќе имаме само еден тренинг, па не чека меча. Ќе направиме детална анализа и ќе се обидеме некои аномалии кои се појавија да ги исправиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×