Милевски дебитираше со реми, Македонија одигра само 0-0 против Ерменија

by
1 минути читање

Ерата на Боби
Милевски на кормилото на сениорската репрезентација на Македонија започна со
реми. Вечерва на Арената „Тодор Проески“, „црвено-жолтите“ одиграа натпревар
без погодоци против Еремнија.

Можеби го имавме
поседот на топката, но беа креирани премалку шанси, на моменти делувавме
безидејно и без завршно додавање.

Македонија мечот
го заврши со само ден удар во рамките на голот, по еден час игра, Алиоски
прекрасно биеше од далечина, а Јурченко со крајни напори одбрани.

Претходно, на
средината од првиот дел во период од неколку минути имавме добри прилики да ја
затресеме мрежата на Ерменија, но Ристовски биеше млако, по корнерот Дарко
Велковски промаши цела топка, а Александар Трајковски во продолжението од акцијата биеше крај голот.

Во финишот од
мечот, Алиски испрати нова „бомба“ но Ашковски се најде на погрешно место, се
испречи пред голот на Ерменија и го блокираше ударот.

Со ова реми,
Македонија падна на третата позиција на табелат асо 7 бода, додека пак Ерменија
остана на врвот со 10 бода. Германија скокна на втората позиција со 9 бода
откако славеше кај Лихтенштајн со 0-2.

На последниот
денешен натпревар од нашата група, Романија со 0-2 триумфираше на гостувањето
кај Исланд.

Токму Исланд е
следниот предизвик за избраниците на Милевски, Македонија во недела гостува во
Рејкјавик.

ФОТО: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×